• Fri. May 17th, 2024

Џио Струмица ја скроти и непоразената Лирија – славеа победа без изгубен сет

ByВане Трајков

Nov 17, 2018

Одбојкарите на Џио Струмица на своето конто ја запишаа и четвратата првенствена победа. Пред нивната офанзивна игра падна и Лирија која немаше пораз досега. За Тетово ги испратија со 3:0 во сетови откако денеска во Партизан демонстрираа квалитет неколку скалила повеќе во однос на гостинскиот состав

Првиот сет струмичани го добија со 25:17. Гостинскиот состав се закани во вториот сет но не доволно за израмнување и го загубија со 25:20. Во третиот сет струмичани се ,,прошетаа,, и рутински со 25:10 го завршија мечот

Со ова победа струмичани се сами на лидерската позиција со 12 бода и веќе се наметнуваат како најсериозен кандидат за одбрана на двојната круна од лани. Три повеќе имат од Универзитет Тетово и пет од Лирија

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *