• Sun. May 19th, 2024

Ќе има филм за тоа како се снимаше култниот „Кум“

Oскар Ајзак и Џејк Гиленхал ќе глумат во филмот „Франсис и кумот“ под палката на славниот режисер на „Дождливиот човек“ и „Добро утро, Виетнам“, Бери Левинсон.

Филмот е за тоа како настанал и како се снимал еден од најдобрите филмови на сите времиња, The Godfather.

Aјзак ќе го игра ликот на Френсис Форд Копола, а Гиленхал ќе биде продуцентoт Роберт Еванс (легендраниот шеф на студиото „Парамаунт“), пренесува порталот „Дедлајн“.

Базиран на романот на Марио Пузо, „Кум“ стана еден од најголемите филмови во историјата на киното и ги надмина многуте расправии меѓу Копола и студиото „Парамаунт“ во врска со буџетот, локацијата и кастингот, а Копола мораше да се бори за да ги добие Марлон Брандо и Ал Пачино. Двајцата донесоа иконски актерски перформанси со ликовите на Вито и Мајкл Корлеоне.

извор: Макфакс

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *