• Sun. May 19th, 2024

Официјален поткаст за Џејмс Бонд

Во рамките на подготовките за премиерата на „Не е време за умирање“, закажана за ноември, креативниот тим на филмот го објави лансирањето на „Официјален поткаст за Џејмс Бонд“, каде што слушателите може да слушнат ексклузивно за акцијата зад сцената.

Поткаст-серијата од шест дела ќе го истражи наследството на 007 и новиот филм „Не е време за умирање“, а вклучува и ексклузивни интервјуа со актерската екипа и со режисерот.

Официјалниот поткаст за најновиот во серијалот филмови за Џејмс Бонд ќе се фокусира на поинаков аспект на наследството на филмовите 007, вклучувајќи локации, непријатели, гаџети и автомобили.

Домаќин е филмскиот критичар Џејмс Кинг, а на поткастот ќе има интервјуа со Даниел Крег, оскаровецот Реми Малек, Леа Сејдо, Лашана Линч, Џефри Рајт, Наоми Харис, режисерот на „Не е време за умирање“, Кери Џоџи Фукунага, продуцентите Мајкл Г. Вилсон и Барбара Броколи, пејачката Били Ајлиш и нејзиниот брат Фајнс О’Конел, заедно со неколку членови на екипажот зад сцената.

извор: Макфакс

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *