Забава

Риверсаунд го светнаа црвениот аларм од Цареви кули за спас на забавната индуструја

Струмичката Риверсаунд се приклучи на кампањата за спас на забавната индустрија. Со симболично обојување во црвено на заштитниот знак на Струмица, Цареви кули, се испрати порака дека оваа индустрија во којашто спаѓаат голем број компании и од Струмица, се соочуваат со неверојатни загуби коишто ги носат кон банкрот и пропаѓање на бизнисите. Вечерва во 20.00 часот Риверсаунд однесе светла и опрема за да му покаже на градот дека црвениот аларм е вклучен, а фотографиите ги направија Шоутајм, кои исто така се дел од забавната индустрија.

Овој симболичен протест се случува под мотото #WeAreEvenrs и #RedAlert, (https://wemakeevents.org/), а е во организација на Асоцијацијата на ивент индустријата (ИВАП). На тој начин земјава се вклучува во глобалната светска иницијатива за свртување на јавноста кон овој сектор кој трпи големи загуби поради КОВИД пандемијата, а милиони луѓе остануваат без работа и се на раб на егзистенција.

Иницијативата потекнува од Америка и е црвен аларм за индустријата за организација на настани.

Со црвено е обоена ВИП Арена во Скопје и Центарот за култура во Кочани.

Во однос на вчера усвоените протоколи за одржување јавни настани во затворени простори, ИВАП смета дека требало да бидат консултирани како независни прифесионалци, а не да се земе предвид само ставот на културните инситуции.

Препорачуваме:

Учениците од Муртино во посета на струмичкиот музеј

Сузана Мицева

Отворен најдолгиот стаклен мост во светот

25 годишниот Данкан Лоренс победник на Евровизија 2019

Сузана Мицева