• Tue. May 14th, 2024

Координативен состанок кај Јаневски за состојбата со ковид-19 во Стумица која станува загрижувачка

ByВане Трајков

Sep 15, 2020

Актуелната состојба со КОВИД-19 во нашата општина, беше тема на денешниот координативен состанок што го одржавме, а на кој присуствуваа Петре Витанов директор на Центарот за јавно здравје, д-р Мери Николова Гичева – епидемиолог, Наќе Гогов директор на Општата болница, Жанко Зимбаков заменик началник на СВР Струмица, Милан Русев раководител на Центарот за управување со кризи, Марјан Даутовски раководител на Дирекција за заштита и спасување и Александар Оџаков секретар на општина Струмица.

На состанокот се разгледуваа мерките од Владата за спречување на ширењето на корона вирусот, базирани на Законот за заштита на население од заразни болести.
Заедничка беше констатацијата дека актуелната состојба е релативно загрижувачка, имајќи в предвид дека бројот на заболени расте. Факт е дека заболените не се само од повозрасната популација, туку таргет група на заразени се од 15 до 30 години.

Апелираме до сите граѓани да ги почитуваат мерките – задолжително носење маска и одржување физичка дистанца. Одговорното однесување на сите физички и правни лица е клучен фактор за стабилизирање на состојбата и заштита на здравјето.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *