Спорт

Терзиев ги расплача радовишани со гол од центарот, лавовска победа на Макс Струмица

Младинците на ,,Макс Струмица,, забележаа победа против радовишани со гол во последните 4 секунди и тоа од центарот на теренот. Благој Терзиев беше стрелецот на победоносниот гол за огромно славје на струмичани кои ,,рисовски и лавовски,, се бореа во текот на целата средба каде радовишани постојано диктираа темпо и резултат, но избраниците на Иванче Ончев не се предаваа. Огромно славје на младите од Струмица кои пеаа и се радуваа во соблекувалната на спротската сала во Радовиш по победата од 36:35 и тоа четврта во младинското првенство на Македонија

Според информациите, младиот состав на  Радовиш постојано имал водство а струмичани контуинирано успевале да израмнуваат.  Драматични биле последните минути каде младинскиот состав на Радовиш прокоцкал дури три гола предност 35:32. Струмичани со пожртвувана игра успеале да израмнат а во последните секунди бил направен прекршок на центарот од теренот врз Теризев кој набрзина го извел ударот и успеал да го погоди небранетиот гол на радовишани

Во дуелот со Радовиш, во таборот на Макс Струмица најефикасен бил Игор Ѓоргиев со 10 гола а по ефикасноста се истакнаа и  Антонио Тасев со 9, Васко Стојков со 8 гола додека Терзиев постигна 4 гола. Со ова тешка победа против Радовиш, Макс Струмица ги задржа шансите за плеј оф

 

Препорачуваме:

Алкараз призна дека татко му ги „шпионирал“ тренинзите на Ѓоковиќ

Ѓ. K.

Почна поставувањето дополнителни трибини на стадионот Младост во Струмица

Андреј Симевски од Беласица направи трансфер во Бугарија

Ване Трајков