Спорт

Фото: Младинците на РК Макс Струмица убеливи против велешки Борец

Младинците на РК ,, Макс Струмица,, ја забележаа третата првенствена победа во групата 2 од младинската лига на Македонија. По поразот од Металург во Скопје, струмичките надежи во спортската сала Парк , во рамките на 4 коло, бесот го истурија на велешки Борец кој си замина поразен со седум гола разлика (26:19)

Тимот на Иванче Ончев почна одлично но во второто полувреме актерите на теренот ги фати заморот заради слабата резервна клупа, по што Борец дојде до негатива од само 4 гола . Но струмичани не дозволија да направат од готово вересија, стегнаа заби и го издржаа притисокот од гостите.

Инаку младите на РК Макс Струмица во овој натпревар влегоа без 4 стандардни играчи кои заради школување во Скопје  или повреди не беа во списокот на Ончев.

Со ова победа младите струмички ракометари ги задржија шансите за плеј офот а следното коло им гостуваат на радовишките младинци што ќе преставува и дерби во 5 коло

Благодарение на Митко Иванов низ слики еве дел од атмосферата од дуелот Макс Струмица – Борец

14910414_1811413275769156_5873792664856023225_n 14910538_1811412969102520_727308823921961263_n 14947579_1811412662435884_4937454022198658696_n 14910402_1811412529102564_6616444436895210735_n   14992019_1811412295769254_2824271745212446085_n 14963155_1811412719102545_2707793411293024900_n 14708192_1811413669102450_6790887981346684579_n 14925643_1811414209102396_2711677150277072441_n

14639894_1811414339102383_6596802190365817223_n 14947597_1811404369103380_659381798547624866_n

Препорачуваме:

Ковачевски ги испрати фудбалерите и вети премија од 500 илјади евра за пласман на СП

Ване Трајков

Фото – Беласица го крена Шампионскиот пехар за Првата лига

Денеска мајсторка мегу Јанта волеј и Наковски волеј за пласман во финалето

Ване Трајков