Спорт

Ковачевски ги испрати фудбалерите и вети премија од 500 илјади евра за пласман на СП

Македонската фудбалска репрезентација попладнево со чартер – лет замина за Порто, каде во вторник вечер против домаќинот Португалија ќе го одигра финалето од баражот за пласман на Светското првенство во Катар. 

Фудбалерите и стручниот штаб во авионот ги испрати премиерот Димитар Ковачевски, кој им посака успех и им вети премија во износ од 500.000 евра за пласман на Мундијалот. 

– Шампиони, вие за нас секако сте победници и наша гордост. Веруваме во вас и затоа сакам да ви посакам успех на натпреварот со Португалија, а ние како Влада најмалку што можеме да направиме е да ве наградиме со 500.000 евра доколку се пласирате на Светското првенство, изјави Ковачевски. 

Македонската репрезентација утре ќе го одржи единствениот тренинг на стадионот „Драгао“, на кој во вторник од 20:45 часот го игра решавачкиот натпревар за историски пласман на Светско првенство.

Препорачуваме:

Младите на Академија Пандев ремизираа против Партизан

Ване Трајков

Вечерва, полуфинале на Меморијалниот турнир во одбојка во Сушево

Сузана Мицева

Видео – Во Василево почнува турнирот во мал фудбал, градоначалникот Јанев им посака фер плеј натпреварување