Спорт

Нови победи на Академија Пандев и Хоризонт Турново во Втората лига

Академија Пандев со головите на Јани Атанасов и Зоран Балдовалиев не само што направија резултатски пресврт туку и забележаа победа на тешкото гостување во Кичево против Влазерими. По водството на домаќините преку Зеќири, избраниците на Панче Стојанов најпрво преку Атанасов израмнија на 1:1 додека искусниот ,,Балдо,, – Зоран Балдовалив беше прецизен од белата точка во 71 минута за конечни 2:1 во корист на струмичани.

Победа забележаа и фудбалерите на Хоризонт Турново кои на свој терен го надиграа Тетекс од Тетово со 3:1. Стрелци на головите за турновчани  беа Иванов, Јанев и Илиев

По 11 тото коло од Втората фудбалска лига ,,пандевци,, се забетонираа на лидерската позиција со 7 бода повеќе од второпласираниот додека Хоризонт се проби на 6 позиција

Препорачуваме:

Aкадемија Пандев ги отвора вратите на сите трибини на Младост против Вардар, доаѓаат и комитите

Видео – Сите се засилија но ОК Џио Струмица има потенцијал за двојна титула, вели Ристо Николов

Макс и Радовиш ги добија противниците во Купот

Ване Трајков