Спорт

Макс и Радовиш ги добија противниците во Купот

Ракометарите на Макс Струмица и Радовиш ги добија противниците во групната фаза од Купот на Македонија чија завршница ќе биде на 14 и 15 мај. Струмичките рисови се паднаа во групата 1 на која домаќини се Вардар Јуниор. Токму подмладокот на Вардар кој се натпреварува во Вип Супер лигата е првиот противник на Макс кој доколку победи треба да се сретне со победникот од дуелот Пелистер – Младост 09 натпревар во кој фавороти се битолчани

Екипата на Радовиш се најде во групата 4 на која домаќини се ракометарите на Металург. Радовишани во првиот дуел се срекаваат со прволигашот ХЈС Работник кој има најголеми шанси за пласман во Супер лигата. Доколку слават радовишани во вториот натпревар ќе се сретнат со екипата на Металург кој е фаворит во дуелот со екипата на Борец

Група 1 – домаќин: Вардар Јуниор, Скопје
Вардар Јуниор – МАКС Струмица
Пелистер – Младост 09

Група 4 – домаќин: Металург, Скопје
Радовиш – ХЈС Работник
Металург – ГРК Борец

Натпреварите од групната фаза се играат на 16 и 17 април

Препорачуваме:

Историја – Струмичани ја однесоа Македонската селекција на Европското првенство во одбојка

Ване Трајков

Кому му пречеше ѕвездата на Пандев на струмичкиот плоштад – синоќа откорната и украдена

Макс почна да реди победи, надиграна и кичевска Ускана и тоа пред своја публика