Спорт

Макс почна да реди победи, надиграна и кичевска Ускана и тоа пред своја публика

По победата над УГД во Штип, одбојкарките на Македонија Макс забележаа нова победа – прва на свој терен во ова сезона. Во салата при ООУ Видое Подгорец во Струмица славеа против Ускана од Кичево со 3:1 во сетови ( 25:17, 22:5, 25:16, 25:14) и го направија второт по ред изненадување во втората фаза  од шампионатот Група 2.

Одбојкарките на Макс потсетија на убавите времиња кога , сервисот им беше најмоќното оружје. Ричлиева со Лазарова воигран тандем, сестрите Владевски одлични во игра но и на мрежа ,Каралиска покажа дека може да биде добра и од други позиции,  Јанкова и Стојанова на висина на задачите, но на мечот свои одлични моменти имаше младата Љафтова кој потсети дека Макс е расадник на квалитетни одбојкарки

Со ова втора победа тие полека се приближуваат на тетовски Бамикор и имат шанси првенството да го завршат  на средината на втората група од ова фаза на шампионатот

 

Препорачуваме:

Фудбал или кунг фу: Најбруталниот старт во Лигата на шампиони

Победи на Макс и Наковски , порази за Џио и Виктори – епилог од последното одбојкарско коло

Гевгелија го чествуваше 100-годишниот јубилеј на фудбалскиот клуб „Кожуф“

Ѓ. K.