Спорт

Андреј Симевски од Беласица направи трансфер во Бугарија

Македонскиот фудбалер Андреј Симевски беше еден од најдобрите играчи на струмичка Беласица и направи трансфер во Бугарија, објави порталот Гол

25-годишниот центарфор му се приклучи на тимот на Черноморец Бургас кој е меѓу најдобрите во третолигашкото друштво. „Ајкулите“ бараат голови, а Симевски со добрата игра во струмичани им се препорача.

Изминатата полусезона Симевски одигра 13 натпревари за Беласица на кои постигна седум гола. Низ минатото тој настапуваше и за Слога Виница, ОсоговоСаса, Кит-Го, Детонит…

Препорачуваме:

„Беласица мила сестро, догодина Прва лига’’ пееа Ајдуците откако сино белите обезбедија пласман во фудбалската елита

Кога Англија губи во фудбал, расте семејното насилство

Благој Гуцев си даде оставка, Беласица не му ја прифати

Ване Трајков