Спорт

Благој Гуцев си даде оставка, Беласица не му ја прифати

Тренерот на струмичка Беласица Благој Гуцев, останува на кормилото на клубот откако не му е прифатена оставката која ја понуди по поразот во последната рунда на Втората лига

Струмичани загубија од Слога Виница (2-3), а Гуцев реши да ја поднесе одговорноста за лошите резултати и си поднесе отставка до раководството. Сепак, Беласица не му ја прифати, истакна дека и покрај се тој ја ужива довербата.

„На состанокот на управата на ФК Беласица АД, беше разгледена понудената оставка на шефот на стручниот штаб Благој Гуцев и беше одлучено едногласно дека не е прифатена истата. Гуцев ја ужива целосната доверба и ја има поддршката на управата, како и на фудбалерите и тој е нераскинлив дел од плановите за иднината на ФК Беласица и враќањето на клубот во ПМФЛ“, велат од раководството на струмичкиот клуб.

Беласица во моментов во единствената ВМФЛ се наоѓа на деветтото место на табелата. Сите се надеваат на поуспешна следна сезона, а желбите се еден ден култниот клуб да се врати во елитното друштво

Препорачуваме:

ФОТО – Голема победа на Наковски Волеј, им нанесоа прв пораз на Универзитет Тетово

КИРИЛ ПАНОВ МЕЃУ НАЈДОБРИТЕ ЈУНИОРСКИ СТРЕЛЦИ ВО КОШАРКАРСКА ШПАНИЈА -ВИДЕО ОД НЕГОВИТЕ ПОЕНИ И МАЈСТОРИИ

Ване Трајков

Академија Пандев мета на турските медиуми, формата на фудбалерите во нагорна линија

Ване Трајков