Регион

Мокринските извори достапни и за лица со инвалидитет

Мокринските извори на планината Беласица ќе бидат достапни и за лицата со инвалидитет. Изградена е патека за безбеден пристап, како до самиот локалитет, така и до изворите. Вака соопшти градоначалникот на Општина Ново Село Ѓорѓе Божинов, нагласувајќи дека освен пристапна патека до ова природна реткост, подигнати се и летниковци за лицата со инвалидитет, кои веќе можат да престојуваат и уживаат во убавините на Мокринските извори.

,,Овозможуваме на лица со телесен инвалидитет да пристапат и до локалитетот но и самите извори. Направени се и летниковци меѓу кои и за овие лица. Сметам дека ова уредување е посебно важно бидејќи пружаме еднакви можности за сите граѓани посетители бидејќи досега Мокринските извори беа достапни за еден дел граѓани, но сега буквално за сите“, вели градоначалникот Божинов, додавајќи дека на локалитетот ќе биде поставена и нова урбана опрема, но и паркинг за велосипедисти.

Препорачуваме:

Видео: Велигденска честитка од градоначалникот на Општина Струмица, Костадинов

Ване Трајков

Набавени 115 пластични контејнери и канти за депонирање сув отпад

Засилените контроли на шумските редари во координација со полицијата ги намалија дивите сечи