Спорт

ОК Струмица славеше против велешки Борец иако го загубија првиот сет

Одбојкарите на Струмица потешко отколку што се очекуваше,  славеа победа против новајлијата во прволигашкото одбојкарско друштво во Македонија, екипата на борец од Велес. Во спортската сала Партизан – Струмица  со 3:1 во сетови ја забележа втората победа, откако во првото коло поради недоаѓање на гостите од Жеровјане го добија службено тимот на Лирија со 3:0 во сетови

Најинтересен беше првиот сет кој го добија гостите од Велес со 32:30.  Струмичани прокоцкаа дури 3 поени, но во продолжение од играта не дозволија изненадување на свој терен . Следните три сета ги добија со 25:14, 25:17 и 25:18 за победа од 3:1 во сетови .

 

Препорачуваме:

Во понеделник ОК Струмица со прва шанса да го крене Шампионскиот пехар

Ване Трајков

Брера Струмица и годинава дел од проектот „Животни Шампиони“

Ѓ. K.

СОУ ,,Јане Сандански“ стана Државен првак во одбојка на Македонија во машка конкуренција

Ване Трајков