• Thu. May 23rd, 2024

Советот на Општина Гевгелија донесе неколку буџетски програми и акти за работата на Општина Гевгелија во 2024 година

ByЃ. K.

Feb 12, 2024

Советот на Општина Гевгелија на својата 37. седница ги донесе буџетските програми за 2024 година, од повеќе области и дејности за функционирањето на локалната самоуправа. Покрај усвоените извештаји за реализација на програмите во изминатата година, Советот на Општина Гевгелија ги донесе Програмите за финансиска поддршка на програми и проекти од областа на културата, на спортските активности, активностите на Општина Гевгелија во областа на социјалната заштита, еднаквите можности, како и за работата на Младинскиот совет на Општина Гевгелија. Исто така, од страна на Советот беа усвоени Извештаите за реализација во 2023 година, како и Програмите за финансирање проекти, манифестации и значајни настани на месните заедници и финансиска поддршка на НВО-секторот од општина Гевгелија за организирање на програмски активности.

Советот на Општина Гевгелија, на 37 седница, го донесе Правилникот за утврдување критериуми, услови и постапка за доделување еднократна парична помош, ја донесе Одлуката за измена и дополнување на Одлуката за субвенционирање на потрошувачката на основните комунални услуги, именуваше член во Управниот одбор на Меѓуопштинскиот центар за социјална работа – Гевгелија од редот на вработените во општинската администрација и прифати донација од Фондацијата „Ице Бегов“- Скопје. Исто така, беа усвоени Извештајот за работата на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата за 2023 година, Програмата за 2024 и Програмата за работните активности на ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија за 2024 година.

Советот на Општина Гевгелија донесе Одлуки за утврдување приоритет на Проектот „Изградба на водоводна мрежа, фекална канализација и амтосферска канализација за дел од Блок 4.4, општина Гевгелија, за давање согласност и овластување за потпишување договори за грант, за приоритет на проект за изградба на улица „Свети Климент Охридски (продолжување на западен булевар „Гевгелија“ и даде согласност на измените на Годишниот план за вработување во Општина Гевгелија за 2024 година.

By Ѓ. K.