Спорт

Академија Пандев без победа против Вардар, Беласица со пораз од Силекс

Пандевци не успеа да забележат победа против Вардар ниту во шестата меѓусебна пресметка во последниве две сезони. На стадиониот Кукуш во Турново двата тима одиграа мирољубиво без голови со што освоија по еден бод од ова последно есенско коло.

Двата тима постојано се обидуваа да го најдат вистинскиот пат за да  ја затресат мрежата на противникот. Но нивните обиди завршуваа или надвор од гол рамката или пак беа лесен плен за голманите. Со новите бодови двата тима останаа на позициите со кои го почнаа дуелот. Академија Пандев сега со 30 бода со скоро 9:3:6  ќе презими на третата а црвено црните на втората позиција со 35 бода

Беласица никако да излезе од лошата серија. На гостувњето во Кратово претрпеа пораз од Силекс со 1:0 со што го превзедоа фенерот во најелитното фудбалско натпреварување со скор од 4 победи пет нерешени исхода и девет пораза.

Препорачуваме:

Заврши турнирот ,,Филип Лазаревски,, екипата на ФФМ најдобра

Ване Трајков

„Три од три“ за беспрекорната АП Брера Струмица, падна и шампионот Струга ТЛ

Ѓ. K.

Видео – Струмичките сино бели со ,,Манекен џелинџ,, – кој облечени кој полуголи, по победата над Работник

Ване Трајков