• Fri. May 24th, 2024

„Три од три“ за беспрекорната АП Брера Струмица, падна и шампионот Струга ТЛ

ByЃ. K.

Aug 22, 2023

АП Брера Струмица славеше над Струга ТЛ и освои значајни три бода на тешкото гостување кај шампионот во Струга.

Ване Крстевски и Марио Врдољак беа стрелците на головите за составот на Брера Струмица кој демонстрираше одлична и борбена игра во текот на целиот меч.

Брера Струмица ја наметна својата игра која резутираше со погодок во 26 минута од младиот Ване Крстевски. Добро поставената игра на Џовани Валени донесе и неколку шанси што не ги искористија Крстевски и Рибаудо и со минимална позитива се замина на одмор.

Во второто полувреме тимот на Брера Струмица прими гол, но тоа дополнително ги мотивираше кога во 71 минута Марио Врдољак по одлично изведен корнер, капитенски со глава ја смести топката во мрежата на Струга ТЛ.

По три првенствени кола екипата има полн учинок.

Следното коло во четврток го пречекува тимот на Тиквеш.

By Ѓ. K.