Македонија Регион

Жителите на Куклиш бараат санација на улицата кон Триводалиеви, општината најави реализација годинава

Жителите од населеното место Куклиш бараат општинските власти да ја санираат улицата од Венка Мечева до Триводалиеви бидејки при секои обилни врнежи од дожд таа е поплавена. Според нив водите од горниот дел на селото, од оранжериите поставени до патот доаѓаат на оваа улица и им прави проблем во движењето

За проблемот со улциата од Венка Мечева до Триводалиеви реагираше и советникот Владимир Ристов кој побара општината да се зафати со решавање на овој проблем бидејки со години се провлекува.

Од општина Струмица информираа дека споменатаа улица е планирана за реализација. Ќе биде асфалтирана бидејки граѓаните ја посочиле како приоритет. Паралелно се планира и реконструкција на бетонскиот пропус на атмосферскиот канал во населбата Липа и пренасочување на атмосферските води што доаѓаат од Беласица кон реката Тркања

,, Во моментот Општина Струмица има постапка за јавна набавка за избор на Изведувачи за реализација на инфраструктурни проекти предвидени во програмите за 2023 година. По завршување на постапките и потпишување на Договорите, ќе се пристапи кон реализација на проектите предвидени за реализација за 2023 година.,, се наведува во известувањето од Општината

Од таму прецизираа дека совен улицата од Венка Мечева до Триводалиеви во Куклиш ова година се планира и асфалтирање на улица од Ратко Кршков до Ване Крпов, Оградување на парк пред градинката, изведба на втората фаза на домот на културата.

Препорачуваме:

44 годишна пациентка од Струмица почина од ковид 19

Од 26-29 јули во Струмица ќе се одржи 14то издание на „Астерфест“

Петков: Бугарите во С. Македонија да бидат рамноправни

Стојне Митева