• Mon. May 20th, 2024

Одржан фолклорниот концерт ,,Ритамот на традицијата“

Синоќа членовите на „Фолклорна низа“ ja расширеа убавината на македонскиот фолклор и традиција. На сцената на амфитеатарот  во градскиот парк во Струмица го одржаа концертот ,,Ритамот на традицијата“ во рамките на годинашново издание на Струмица опен фест.

Беа изведени повеќе кореографии од страна на најмладите и највозрасните членови на Фолклорна низа кои ја презентираа вековната традиција на македонскиот народ во песните и ората.

Освен изведбите впечатливи беа и рачно изработените носии со што ја го презентира и богатото културно творештво

Ансамблот „Фолкорна низа“ е симбол на македонскиот фолкор, традиција и култура кој несебично ја споделува во земјата и светот