• Sun. May 19th, 2024

Во Струмица одбележан Светскиот ден на крводарителите

ByIvana Vangelova

Jun 15, 2023

Светскиот ден на крводарителите вчера беше одбележан и во Струмица.По повод 14 ти јуни Црвениот Крст во општина Струмица  организираше крводарителска акција во соработка со  Службата за Трансфузиона медицина и клубот на крводарители.Повеќе од 20 тина крводарители ја даруваа својата крв со единствена цел,да спасат нечиј живот.

Крводарителските акции во Црвен Крст продолжуваат и понатаму,затоа што со само една дарувана ќеса од 450 милилитри,постапка која трае десетина минути,може да се спасат три до четири човечки животи.