• Mon. May 20th, 2024

Во недела ќе се чисти горниот дел на Струмица, домакинствата отпадот да го пријават на 13 110

Престојниот викенд продолжува акцијата на ЈПКД Комуналец за генерално чистење на Струмица. Според најавите на комуналното на 18 ти јуни ќе се подига сметот и ќе се чистат улиците во горниот дел на градот односно над булеварот „Маршал Тито“. Од таа причина Комуналец ги замолува сите домакинства кои имаат било каков отпад да го пријавата на 13 110 и да го извадат пред дворовите во недела до 12 часот.

,,Со цел за подобрување на јавната чистоќа ЈПКД „Комуналец„ Струмица во Недела 18 Јуни продолжува со метење, машинско чистење, подигање на смет и перење на улиците во горниот дел од Струмица, поточно од горниот дел на булеварот Маршал Тито. Се молат сите граѓани од овој реон кои имат секаков вид на отпад да го пријават на 13 110 и да го извадат пред дворовите во недела до 12 часот како би бил подигнат во текот на денот,, стои во известувањето на Комуналец

Минатата недела струмички Комуналец вкава акција спроведе во населбите Чифлик и Карпош каде беа собрани над 12 тракторски приколици со секаков вид отпад.