Регион

Зголемена бројката за 10 лица кои се на третман за зависност од опојни дроги во Гевгелија

Зголемена бројката за 10 лица кои се на третман за зависност од опојни дроги во Гевгелија. Според извештајот доставен од Општата болница со проширена дејност- Гевгелија за состојбата со употреба на наркотици и психотропни супстанци кај младите во општина Гевгелија, кој беше разгледуван на 62 седница на Советот на Општина Гевгелија, во моментот, во Центарот за превенција и третман на зависноти од опојни дроги се третираат 64 лица.

Од нив 7 жени и 57 мажи, на возраст од 30 до 45 години. 53 лица се третираат со метадонска терапија, а 11 лица со бупренорфин. Освен третманот со медикаменти, се пружи и психолошка и социјална поддршка на лица- зависници од хероин. Истовремено, Центарот пружи третман и на затворениците во КПУ Затвор- Гевгелија, па затоа бројката варира од 50 до 90 лица- зависници од наркотици и психотропни суптстанци. За разлика од минатата година, оваа година бројката на уживатели на психотропни супстанци и наркотици кои се третираат во Центарот е зголемена за 10 лица.

            Раководството на Болницата нагласува дека оваа бројка е само на регистрирани лица на лекување во Центарот и дека реалната бројка на корисници на наркотици и психотропни супстанци кај младите во општината е многу повисока. И, дека за одредување на распространетоста е потребна поголема координираност помеѓу повеќе институции. Ваквата констатација едногласно беше поддржана од сите членови на Советот, сметајќи дека за спречувањето на актуелниот и сериозен проблем треба да се изготви стратегија, како на локално, така и на државно ниво.

Препорачуваме:

МОН: Далечинското учење е задолжително, учебната година ќе се реализира до крај

Стојне Митева

Продолжен рокот за понуди на повикот за субвенционирани летови

Ване Трајков

178 пијани возачи санкционирани изминатата вечер во земјава, на подрачјето на СВР Струмица 27

Ване Трајков