• Tue. May 14th, 2024

Продолжен рокот за понуди на повикот за субвенционирани летови

ByВане Трајков

Jan 17, 2023

До 26 јануари напладне е продолжен рокот за доставување понуди на тендерот за субвенции за нови авиолинии, којшто според првичната објава требаше да трае до задутре во 12 часот.

Од Министерството за транспорт и врски за МИА изјавија дека рокот е продолжен поради измени во тендерската документација, каде во критериумите за учество нема да се бара позитивен биланс за 2020 и 2021 година поради ковид кризата. Остануваат критериумите за превезени 10 милиони патници и најмалку 25 милиони евра профит во 2019 година. Заинтересираните авиокомпании за учество на повикот треба да поседуваат уверение за работа издадено од земја членка на ЕУ, како и да достават изјава заверена на нотар за дестинацијата за која добива финансиска поддршка од државата и по завршувањето на финансиската поддршка да продолжи да ја оперира за период за кој ги добивал субвенциите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *