Регион

178 пијани возачи санкционирани изминатата вечер во земјава, на подрачјето на СВР Струмица 27

Во текот на изминатата вечер (04/05.03.2023) во периодот од 22.00 до 04.00 часот спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Република Северна Македонија, при што санкционирани се 178 возачи. Од нив 60 на територија на СВР Скопје, 27 на територија на СВР Струмица, 18 на територија на СВР Куманово…
За време на контролата биле санкционирани и 185 други видови на прекршоци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Препорачуваме:

25 годишно момче од Струмица осомничено за убиство на својата баба

Сузана Мицева

Во вторник одлука за рудникот – правно формалните можности не се исполенти , кажа Заев

Ване Трајков

Нов протест на „Култура или фис-култура“