Спорт

Започна меморијалниот турнир во мал фудбал Ч’крче во Пиперево

„Започна меморијалниот турнир во мал фудбал Ч’крче во Пиперево. Турнирот традиционално,  финансиски е подржан од општина Василево.  За најмладите фудбалери се поделија маици со логото на општина Василево. Граѓаните на општина Василево ќе уживаат во фудбалските мајстории на учесниците на овој турнир“, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, кој присуствуваше на стартот на годинешниот Меморијален туррнир во мал фудбал Ч’крче, кој традиционално се организира во спомен на младиот Славе Стојанов од с. Пиперево и започнува на верскиот празник Петровден.

Општина Василево и годинава, финансиски го поддржа ордржувањето на турнирот, помагајќи на тој начин да продолжи  традицијата и да се негува споменот за младиот Стојанов од с. Пиперево.

Градоначалникот Андонов на учесниците им посака успех а на публиката, како што рече, уживање во фудбалските мајстории  кои нивните миленици ќе ги покажат на теренот.

Препорачуваме:

Поради натпреварот Манчестер и Реал Мадрид – посебен сообраќаен режим

Dimitar Micev

УЕФА на стадионот Младост во Струмица за одигрување на мечот Македонија – Израел

Ване Трајков

Наковски волеј утре во салата на Димитар Влахов против Универзитет Тетово за нова победа

Ване Трајков