• Fri. May 10th, 2024

Советниците од ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија седницата на советот

Советниците од ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија седницата на советот на општина Струмица. На само неколку минути од почетокот, тие побараа став од присутните советници, но и од градоначалникот Костадинов за актуелниот француски предлог за кревање на бугарското вето. Советниците од ВМРО-ДПМНЕ се појавија облечени во бели маици на кои со црвени букви пишува НЕ алудирајќи на нивниот став по ова прашање.

Тие исто така реагираа и за казните коишто полицијата им ги изрече на присутните граѓани на петочниот протест. Сметаат дека им се крашт уставните права на граѓаните и се врши притисок.

Претседателот на советот, Марјан Даскаловски, пак, ги обвини дека ја политизираат седницата и даде пауза од десет минути. Сепак, наместо да се смират страстите, советниците ја напуштија седницата.

Во моментов седницата тече без советниците од ВМРО-ДПМНЕ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *