Македонија

Комисијата за заразни болести ќе одржи состанок в петок

Комисијата за заразни болести в петок ќе одржи состанок на којшто ќе се дискутира за состојбата со коронавирусот во државата. Согласно вчерашната статистика, позитивни се 34 проценти од вкупниот број тестирани, а нема починати лица.

До вчера активни беа 1889 случаи на коронавирусот. Најмногу активни случаи имаше во Скопје – 1045, додека во Крушево, Демир Капија, Македонска Каменица и Пехчево немаше регистрирани случаи на коронавирусот.

Додека во државата состојбата со КОВИД-19 засега е стабилна, регионот се подготвува за новиот бран на вирусот.

Во Бугарија од понеделник се враќа носењето заштитна маска. Како што изјави за БНР главниот државен здравствен инспектор Ангел Кунчев, Бугарија се соочува со нов бран на Ковид-19 и варијанта на вирус кој се шири многукратно побрзо, со што мора да бидат подготвени за секоја ситуација.

И во Албанија продолжува трендот на раст на нови случаи на КОВИД-19. Во текот на вчерашниот ден беа регистрирани 1 215 случаи на вирусот, или 46,3 отсто од тестираните се позитивни.

Препорачуваме:

Најлошото допрва доаѓа, алармантно предупредување на научниците за клима

Бројот на заразени со коронавирус во Македонија надмина 15.000 лица од почетокот на пандемијата

Сузана Мицева

Дали, кога и какво покачување на пензиите ќе добијат пензионерите?