Македонија

За 73 отсто намален бројот на жртви на сообраќајниците во септември 2021

За 73 отсто е намален бројот на жртви на сообраќајниците во септември 2021, соопштија денеска портпаролот на МВР Тони Ангеловски и претседателката на РСБСП Гордана Кожуваровска. Во септември 2021 има четири жртви во сообраќајни несреќи, а во септември минатата 2020 година имало 15.

Според претседателката Кожуваровска, евидентно е дека кампањите што заеднички ги спроведуваат РСБСП и МВР даваат резултати.

„Заврши летната кампања која беше под мотото „Вози одморен“ која ја реализираа РСБСП И МВР. Оваа кампања придонесе за намалување на бројот на сообраќајни незгоди и намалување на бројот на загинати лица во сообраќајни незгоди. Во септември 2021 има четири жртви во сообраќајни несреќи, а во септември минатата 2020 година имало 15., рече Кожуваровска.

Препорачуваме:

Корона вирусот кај децата е со поблаги симптоми речиси 99 отсто го поминуваат асимптоматски

Апасиев го опцу претседателот Пендаровски

Сузана Мицева

Откупени две третини од тутунот, Сојузот ќе бара повисоки цени