• Tue. May 14th, 2024

Деспотовски: Првични позитивни ефекти од новиот систем за грижа на корисници во ТИРЗ

Странските инвеститори во ТИРЗ имаат најмногу барања поврзани со информации за државна помош, дозволи за реконструкција и доградба и можности за проширување на инвестициите, но особено им е потребна поддршка при процеси поврзани со други институции како дозволи за работа, регулирање престој на странски експерти од матичните компании и царински услуги.

Ова го покажува анализата од ефектите на новововедениот систем за грижа на корисници во ТИРЗ, таканаречен „Систем на една точка“ чија цел е обезбедување поедноставен пристап до услугите за компаниите и персонализирана поддршка за нивните барања и потреби во фазата на пред и пост-инвестициските активности, Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони.

Од воведувањето на новиот систем, во ТИРЗ, од март до сега, се пристигнати 328 барања од странските компании активни во зоните. Најголемиот дел од нив, 75% се барања поврзани со процесите во ТИРЗ, додека 25% се однесуваат на постапки и процеси на други државни институции. Новиот систем предвидува брзи и прецизни рокови за постапување, па од вкупниот број барања 70% се веќе процесирани и одговорени, а 30% се во процес на решавање.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *