• Tue. May 14th, 2024

Ивановски и Поп Арсова победници на Скопскиот маратон

Во раните утрински часови, над 6000 тркачи ги исполнија скопските улици со позитивен дух, спортска енергија и безброј насмевки. Под специјален протокол за заштита од Ковид-19, се одржа 17тото издание на Виз Ер Скопски маратон.

Учесниците кои беа пријавени на маратонот, полумаратонот и штафетниот маратон – ЕУ стартуваа во 8:00 часот, а трката на 5км започна во 8:10 часот. Стартот и целта на овогодинешниот маратон беше од платото пред Спортски центар Борис Трајковски, а патеката по која трчаа учесниците остана иста како и минатите години.

На овогодинешното издание на Виз Ер Скопски маратон, од машката категорија прв до целта стаса Дарио Ивановски со време од 02:21:27, со што го сруши македонскиот рекорд и го постави новиот рекорд на Виз Ер Скопскиот маратон, второто место го освои Младен Стеванович, со време од 02:34:54, а на третото место се најде Давид Перлич, кој патеката ја истрча за 02:38:26.

Од женската конкуренција, првото место го освои Андријана Поп-Арсова, која маратонот го истрча за 02:40:36 и го сруши досегашниот македонски рекорд во женска конкуренција на маратонот, второпласирана е Силвија Александра Паредер Јукаилла, со време од 02:43:43 и третото место го освои Весна Кираџиева со време од 03:23:42.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *