• Tue. May 14th, 2024

Османи од Германија ја почнува интензивната надворешно-политичка турнеја

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, од утре започнува нова надворешно-политичка турнеја, со присуство во неколку значајни метрополи: Берлин, Варшава и Блед (Словенија), со цел билатерални средби и учество на значајни меѓународни настани.

    Веќе од утре, Османи е во работна посета на Сојузна Република Германија на средби со министерот за надворешни работи, Хајко Мас, како и државниот министер надлежен за Европа Михаел Рот.

    Посетата има за цел да се продолжи високиот политички дијалог со Германија, но и да се реафирмираат германските позиции во однос на нашето европско досие, особено пред одржувањето на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Словенија.

    Од Берлин, Османи продолжува за Полска каде што ќе учествува на „Безбедносниот форум во Варшава”.

Во Варшава Османи, ќе оствари средби со неговиот полски колега, министерот, Збигњев Рау, но и со финскиот министер за надворешни работи, Пека Хависто и со други значајни политички претставници активни во сферата на безбедноста и транс-атлантските односи.

    Во среда, Османи ќе се приклучи на државната делегација, предводена од Претседателот на Владата, со цел учество на Самитот ЕУ-Западен Балкан, кој се одржува во Брдо кај Крањ, во Словенија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *