Забава

Време е за пресадување на собното цвеќе

Пролетта и празниците во овој период се совршен изговор да си купите ново цвеќе во домот и да ја пуштите новата сезона да ве разгали со сите рапсоложливи бои и мириси. Се разбира, веројатно е дека и самите ќе подарите или ќе добиете цвеќе на подарок. Доколку станува збор за саксиско цвеќе, кое најчесто се одгледува во домашни услови, тогаш најдобро е прво да се запознаете со условите што му се потребни за вегетација.

Дали сака директна или пригушена светлост, или пак вирее и во полумрачни прстории, како на пример замијата? Потоа дали цвеќето бара наводување на секои два-три дена или може без вода и цела недела па и до десет дена? Иако изгледа збунувачки, особено ако сте почетник во одгледувањето цвеќе, сепак набрзо ќе сфатите дека цвеќарството е една пријатна и освежувачка рутина што му дава смисла на вашиот ден и топлина и живост на вашиот животен простор.

Кога се пресадува цвеќето

Растението треба да се пресади тогаш кога ќе се утврди дека саксијата станала претесна за него, или кога хранливата вредност на земјата е намалема во толкава мера што не може да се зголеми на друг начин, туку само со пресадување – додавање на свежа плодна земја.

Потребата за пресадување може да се забележи кога растението заедно со груменот на земја ќе се извади од саксијата. Ако се забележи дека жилите се потполно обраснати со земја, до тој степен што содржината на саксијата го сочинува само сплет од жили со нешто малку земја на површината, таквото растение треба да се пресади во поголем сад. Растенијата кои излегуваат порано во пролет порано се пресадуваат од оние кои излегуваат подоцна.

Најдобро време за пресадување на цвеќето е веднаш после прецветувањето или пред да почнат да излегуваат нови гранчиња. Растенијата кои цветаат не треба да се пресадуваат бидејќи ниедно растение не сака да биде вознемирувано додека цвета.

Идеален период за вегетација

Кај секое растение во текот на една година постои најжив период од вегетацијата (растењето), после кој следува период на слабо растење или општо мирување. Вегетацијата на цвеќето во соба почнува рано на пролет, па поради тоа најчесто и во тоа време се пресадува. Растенијата кај кои никогаш не доаѓа до потполно мирување на вегетацијата (на пример, палмите) можат да се пресадуваат во секое време од годината, освен во периодот на цветање.

Некои растенија (традесканција, аспарагус спренгер и други) бараат пресадување во текот на цела година, со што побујно и поубаво растат, додека азалејата, камелијата и орхидејата не бараат често пресадување.

При пресадувањето треба да се внимава растението да биде точно во средина на саксијата и да не се става ни премногу длабоко ни премногу плитко.

Растенијата со луковица се садат поплитко или подлабоко во земјата, во зависност од тоа дали растението развива жилички под или над луковицата. Плитко се сади амарилисот, бегонијата, цикламата, лалето, зумбулот и др.

Препорачуваме:

Голем интерес за концертот на Васил Гарванлиев

Сузана Мицева

Струмичките фирми ќе помагаат да се збогати украсувањето на градот

Сузана Мицева

Интервју со КИСКИН по повод „Ден на Хип Хоп“ во струмичкиот Амфитеатар

Ѓ. K.