Забава Регион

Интервју со КИСКИН по повод „Ден на Хип Хоп“ во струмичкиот Амфитеатар

На 7 октомври (сабота), со почеток од 19:00 часот во Амфитеатарот во Струмица, сите љубители на хип хоп културата ќе уживаат во настанот наречен „Ден на Хип Хоп“. По тој повод разговараме со еден од членовите на Дивизија, најпознатиот хип хоп колектив во Струмица – Драги Андонов – Кискин.

ТВ КАНАЛ ВИС: Здраво Драги, 20-тина години си активен во рап музиката, но и во хип хоп културата генерално. Во сабота се случува голем настан во струмичкиот Амфитеатар, раскажи ни нешто повеќе за тоа?

КИСКИН: Здраво и голема благодарност за добрите зборови. 7 октомври од мината година е прогласен за „Ден на Хип Хоп“ и со тоа годинава имаме прв роденден од овој настан, како и дополнителна причина – „50 години од настанувањето на Хип Хоп културата“. Настанот ќе вклучува повеќе артисти: Dj Popeye, One Way Dance Studio, Pandamonium Radio, Soulmental, како и промоција на целата дискографија на Дивизија на аудио касети. Покана до сите да не го пропуштат овој настан.

ТВ КАНАЛ ВИС: Зошто ѝ беше потребен таков настан на Струмица и треба ли да ги имаме почесто ваквите настани за да ги заинтересираме младите, па и постарите да ја запознаат оваа алтернативна уметност?

КИСКИН: Настани од ваков калибар се случуваат многу ретко, а се побитни од било кога. Алтернативната култура е многу често во сенка, а натрупани сме од квантитет по сите медиуми, па затоа и тие што се дел од, а и сите кои имаат мали симпатии или барем интерес за оваа култура, ќе доживеат понакво искуство.

ТВ КАНАЛ ВИС: Каква е состојбата на македонската рап сцена во моментот, ги следиме ли глобалните чекори?

КИСКИН: Македонската рап сцена и ден денес раѓа многу убава музика, како од постарите артисти, така и од поновите генерации. Од друга страна, можеме да видиме дека сѐ што е на сила направено тренд, не останува.

ТВ КАНАЛ ВИС: Какво е вашето искуство во поглед на соработката со другите артисти?

КИСКИН: Соработка помеѓу артистите на македонската рап сцена постоела и сѐ уште постои на видно ниво. Последните неколку години се имаат издадено многу проекти, соработки на рапери или продуценти од различни група и тоа знае да делува многу интересно, излегувајќи од стандардот.

ТВ КАНАЛ ВИС: Кои се вашите идни амбиции и планови?

КИСКИН: Планираме „Ден на Хип Хоп“ да трае и многу после нас, така да во најмала рака ќе работиме на уште поголем настан следната година. Исто така многу сум горд што можам да најавам и нов албум на Дивизија следната година, целосно продуциран од Dj STR.

Препорачуваме:

Цветков ги именуваше Коциров за потпретседател а Касапова за генерален секретар на ОО СДСМ Струмица

Ване Трајков

Донесена одлука за продажба на службеното возило на градоначалникот

Приведени 21-годишни струмичани, одземена им е марихуана

Ѓ. K.