Регион

Во Градашорци се одржа традиционалната Празијада

Денеска, во организација на општина Василево, во с. Градашорци, во дворот на црквата Св. Никола, се одржа манифестацијата Ден на празот. Присутните имаа единствена можност да дегустираат специјалитети од праз и да уживаат во содржини од културно забавен карактер.

На присутните гости им се обрати градоначалникот на општина Василево Славе Андонов а во културно забавниот дел со свои изведби се претставија учениците од двете основни општински училишта „Гоце Делчев“ од Василево и „Атанас Нивичански од Нова Маала  како и Културно уметничките друштва „Сушевски бисери“ од с. Сушево и КУД „Цветови“ од с. Дедино.

На оваа традиционална манифестација настаои и македонската група Некст Тајм.

Препорачуваме:

ССМ: До март да се зголеми минималецот на 18 илјади денари

Мицкоски: Нема да одам на лидерска средба на која предвремени избори не се тема

Сузана Мицева

Вечерва пороен дожд и грмежи

Сузана Мицева