Регион

По 15 години струмикиот театар со „Циркус Пирандело“ се враќа на МОТ

По 15 години Струмичкиот театар „Антон Панов“ со претставата „Циркус Пирандело“ вечер се враќа на Младиот отворен театар (МОТ). Претставата, која неодамна имаше премиера, е селектирана во официјалната програма на 47-мо издание на Фестивалот, кој се одржува од 10 до 19 ноември во Скопје.

Според информациите од струмичкиот театар, нивната претстава е во конкуренција на 25 претстави од Словенија, Грција, Турција, Велика Британија, Србија, Црна Гора и Северна Македонија.

„Циркус Пирандело“ е работена по текстови на Луиџи Пирандело, а во адаптација и режија на Бојан Трифуновски.

Претставата ќе се одигра вечер со почеток во 20 часот во салата „Фросина“ во Скопје.

Годинашното издание на МОТ се случува во годината на одбележување на големиот јубилеј-50 години Младински културен центар Скопје (МКЦ).

Препорачуваме:

Струмица ги скрати парите за новогодишно украсување

2700 склучени договори во струмичко за ново производство на тутун

Dimitar Micev

Протестен караван во Струмица против мерките за заштита од ковид