• Thu. May 16th, 2024

Вечерва пороен дожд и грмежи

Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Особено на исток и во југоисточните делови процесите ќе бидат поинтензивни и во форма на краткотрајно невреме со порен дожд, чести грмежи и засилен ветер.

Во Струмица и околината  кон крајот на денот и вечерните часови ќе има услови за појава на нестабилност со појава на пороен дожд проследен со грмежи. Од УХМР и препорачуваат да се внимава во случај на појава на електрични празнења и да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *