Регион

Во Гевгелија вчера наврнале 10 литри на метар квадратен

Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврна во Охрид, 40 литри на метар квадратен, во Маврово 17, на Попова Шапка 16, Крива Паланка 14, во Гевгелија 10, а осум во Дојран.

Според прогнозата на УХМР, времето и денеска ќе биде променливо облачно, на места со слаба нестабилност проследена со врнежи од дожд. Рано утрово нестабилно со дожд и грмежи беше во Гевгелиско.

Претпладне со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне, во вечерните и ноќните часови нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има појава на невреме со пообилен дожд за кратко време, силни електрични празнења, силен ветер и услови за појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 24 до 30 степени. УВ=6

Препорачуваме:

Казнети возачи на патнички возила и мотоцикли

Ване Трајков

Горивата поевтинуваат од вечерва на полноќ

Ване Трајков

Осумгодишниот Матеј Сирачев јаваше два часа од Радово до Струмица

Сузана Мицева