Регион

Ќе профункционира хидросистемот „Ѓавото“ за да ја полни браната Паљурци

Ќе профункционира хидросистемот „Ѓавото“ за да ја полни браната Паљурци. Вака одлучи Владата на вчерашната седница.

Владата информира дека го задолжила Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) да го стави во функција хидросистемот „Спас за Дојранското Езеро“ и да се обезбеди доток на вода во акумулацијата Паљурци до максималните можности на системот и тоа во траење согласно потребите за нормализирање на нивото на вода во акумулацијата

„Со дотурот на дополнителни количини вода ќе се обезбедат услови за наводнување на земјоделските површини и би се избегнале дополнителни штети за земјоделците од Општина Богданци и населените места Стојаково и Ѓавато“, се наведува во соопштението на владата.

Хидросистемот кој е изграден во 2002 година престана да функционира во месец март поради енромни сметки за електрична енерегија кои достигнувале и до 300.000 евра месечно.

Препорачуваме:

Изложба на монети од римскиот период во уметничка галерија Амам – Гевгелија

Ѓ. K.

Дојран вчера продаде 14 парцели за изградба на викенд куќи – интересот бил огромен

Сузана Мицева

ВИДЕО: Забрана за музика низ локалите, а на маса најмногу по четворица