Регион

Осумгодишниот Матеј Сирачев јаваше два часа од Радово до Струмица

Матеј Сирачев има само осум години и е дел од првата Илинденска коњаница којашто денеска тргна кон Крушево од струмичкото село Радово. Неговите другари-коњаници не се многу постари-едвај полнолетни момчиња кои со години сонувале да бидат дел од илинденското чествување.

Матеј ги испрати коњаниците до Струмица каде положија цвеќе на спомениците на поранешниот претседател Борис Трајковски и на споменикот на Гоце Делчев на градскиот плоштад. Оттаму тој се врати со родителите во Радово, а момчињата продолжуваат кон Бигорски, каде ќе се приклучат на Бироската коњаница.

Струмичките момчиња ќе ги транспортираат коњите со камион до Бигорски а оттаму ќе јаваат следните денови до Крушево. Нивната желба е следната година да имаат поборјна коњаница и сопствена рута од Радово до Крушево.

Препорачуваме:

Валандовчани ќе добијат надомест за штети од елементарни непогоди

Стојне Митева

Исплатени субвенциите за млеко на околу 5 илјади млекопроизводители

Сузана Мицева

Видео: Конче ја доби првата детска градинка, а ќе се отвора и центар за ран детски разво

Ване Трајков