Регион

Во Гевгелија почна ревакцинацијата

Во Гевгелија почна ревакцинацијата, а затворена е КОВИД-модуларната болница.

Досега, во гевгелискиот вакционален пункт се вакцинирани вкупно 1.650 граѓани, од кои 1.000 над 60 годишна возраст со кинеската вакцина „Синофарм“. Преостанатите 650 граѓани над 70 годишна возраст се вакцинирани со „Астра Зенека“.

           Според директорот на Општата болница, Митко Крџев, во Гевгелија ќе се врши ревакцинација на оние граѓани кои првата вакцина ја примиле во гевгелискиот вакционален пункт, согласно националната стратегија за имунизација. Сите граѓани кои првата доза од вакцината ја примиле во Кавадарци, Струмица или Скопје, ќе мора на истото место во закажаниот термин да ја примат и втората доза, односно да се ревакцинираат. Пред се, за да не се создаваат непотребни гужви и нервози во процесот на масовната имунизација.

            Инаку, вчера беше затворена КОВИД-модуларната болница во Гевгелија откако изминативе десет дена не беа регистрирани новозаболени пациенти од корона вирусот, изјави директорот на Општата болница со проширена дејност, Митко Крџев. Притоа, нагласи Општата болница се враќа во нормален режим на работа и дека доколку се појават нови случаи на заболени од КОВИД-19, ќе треба да се јавуваат кај своите матични лекари.

            – Заболените со лесна клиничка слика ќе бидат на домашно лекување под надзор на матичните лекари, а пациентите со средни и потешки клинички слики, кои ќе бидат детектирани, ќе се препраќаат на понатамошно опсервирање и лекување во регионалните КОВИД-центри, рече Крџев.

Препорачуваме:

G&O WasteSolution: Ова што локалната власт ни го прави е класичен линч на нашиот бизнис

Се асфалтираат две улици во Сушево

Струмичани ги бараат ладните сенки во парковите, а во наредните денови жолто ниво за опасност