• Tue. May 21st, 2024

Одбележана 125-годишнината од постоењето на црквата „Св. Кирил и Методиј“- Гевгелија

Одбележана 125-годишнината од постоењето на црквата „Св. Кирил и Методиј“- Гевгелија.

По тој повод Божји храм „Св. Кирил и Методиј“, Патрониот празник  и возобнувањето на црквата, во организација на Гевгелијското Архиерејско намесништво, се одржа свечен концерт на гевгелискиот црковен хор „Св. Јован Кукузел“. На одбележувањето на годишнината, присуствуваа градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков и претседателот на Советот на Општина Гевгелија, Тодор Ристов.           

Покрај свечениот концерт, на кој беа исполнети: „Оче наш“ од Стефан Мокрањац, „Тропар на Св. Кирил и методиј“ глас 4-ти, руски напев „Господи помилуj, Господи прости“, византиски напев „Царице Небеснаја“, „Тебе Бога Хвалим“ и „Ангел Вопијаше“, славата на црквата беше одбележана со вечерна Богослужба, а на денот на Патронот- Утрена Богослужба и послужување ручек.           

Цркавата, според натписот на плочата на источниот ѕид, е подигната во 1896 годин, вѕидан над олтарната апсида од надвор. Таа е изградена на местото каде што во 1881 година бил изграден параклис. Храмот е обновен во 1946 година. Во 1983 година е подигната нова камбанарија со градски часовник.Според својата архитектурна форма, таа е трикорабна градба, со рамни дрвени тавани и со покривна конструкција на две води. Црквата има голем и убав иконостас, чии икони ги работел зографот Димитриј Андонов – Папрадишки. Дверите на црквата се од постаро време и се смета дека се пренесени од старата црква „Света Троица“ или од манастирската црква „Св. Спас“ во Гевгелија и се дело на непознат резбар од XVIII век. Градител на црквата е Андон Китанов.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *