Македонија Регион

Санкции против десет нелегални отпади во Струмица и Куманово

Физички лица, кои во Струмица и Куманово без дозвола собирале отпаден метал од електрична опрема, електронска опрема и автомобилски школки на сопствено земјиште – се парично казнети и задолжени да ги расчистат локациите, објави Државниот инспекторат за животна средина на нивната Фејсбук страница.

Во Струмица е спроведена опсежна акција на осум локации од страна на државен инспектор за животна средина, инспектор по економски криминал од МВР, комунален инспектор и овластен инспектор за животна средина во општина Струмица и по утврдување на незаконско собирање, складирање и селектирање на отпад на приватно земјиште, изречени се соодветни санкции.

Во Куманово надзорот е извршен од страна на државен и овластен општински инспектор и казнети се две физички лица.Вакви акции ќе продолжат во сите општини во кои на незаконски начин се постапува со отпад.

Препорачуваме:

Уште три месеци Избор ќе дели бесплатни оброци

Сузана Мицева

Светска банка ќе додели над 20 милиони евра за откупно – дистрибутивни центри

Сузана Мицева

Успешно изгасен пожарот во атарот на радовишко Калуѓерица