Забава

Ване Костуранов создаде илустрации за песни на Видое Подгорец-вечерва промоција на книгата „Споменик од песни“

Безвременската поезија на Видое Подгорец добива нов лик со илустрациите на Ване Костуранов. Издавачката куќа Темплум ја издаде сликовницата-стихозбирка Споменик од песни за која Костуранов нацрта илустрации.

Ова е прва сликовница од едицијата „Старо купувам“ на издавачката куќа Темплум. Клучна идеја е да се спојат старите и новите автори, класичните вредности со актуелните, вели издавачот.

Промоцијата е вечерва од 19.00 часот во големиот Градски парк а книжевниот настан е со име  „Фини деца со сликовници“, во организација на издавачката куќа Темплум.

Настанот ќе започнува со промоција на книгата „Споменик од песни“ од Видое Подгорец и Ване Костуранов.

Потоа ќе се промовира книгата „Девет преобразби во чудната шума“ од Пандалф Вулкански, со илустрации од јапонскиот уметник Такео Такеи. 

Паралелно со промоциите ќе се одвиваат креативни работилници за деца со рециклирани материјали. 



Препорачуваме:

Ден на Земјата – што секој поединец може да направи за да ја заштитиме нашата планета?

Сузана Мицева

Детска претстава на француски јазик изведена пред амбасадорот Бомгартнер

Сузана Мицева

СОФ 2019 најави настап на One way студио, графити артисти, DJ сет на Кискинов

Сузана Мицева