Забава

СОФ 2019 најави настап на One way студио, графити артисти, DJ сет на Кискинов

Танцовото студио ONE WAY се приклучува кон програмата на осмото изадание на Струмица ОПЕН фестивал. Второто издание на STREET SUMMER JAM ќе биде вториот настан од СОФ 2019.
 
„Домаќини на најурбаната сцена на годинашното издание на #соф2019 ќе бидат членовите на веселото танцово студио ONE WAY. На 10 јуни од 19:00 часот на отворената сцена кај СОУ „Јане Сандански“ ќе шириме урбана култура“, велат од Културен забавен живот.  

Освен настапот на хип хоп студиото ONE WAY програмата ќе вклучува домашни графити артисти, DJ сет на Кискинов (Дивизија), street shop, custom T-shirt и возбудливо детско катче. 

Веселиот хип хоп ритам ќе кулминира со танцови битки и бројни награди за најдобрите.

СОФ 2019 е најавен како тримесечен бесплатен летен фестивал со 30 настани. Се одржува во периодот од 9 јуни до 18 август.

Препорачуваме:

Струмичанката Славица Ангелова ја промовираше својата најнова песна „Руже и крв“

Ѓ. K.

Иван Котев добитник на награда за животно дело

Сузана Мицева

Колку чини една недела во јуни во Грција, Турција, Албанија, Хрватска…? 

Сузана Мицева