Регион

Учениците од „Маршал Тито“ цртаа со жените сместени во Дом за стари лица

Учениците во основното училиште “Маршал Тито” во Струмица имаа повеќе активности со кои го обележаа Меѓународниот ден на жената Осми март.

Да се предизвика насмевка на лицата на жените, да се изненадат, да им се пренесе порака дека се важни и дека нивниот труд и љубов се ценат. Ваква била замислата на наставниците и учениците вклучени во активностите. Директорката Благица Устапетрова вели дека уживале и малите и возрасните.

Наставничката Љубинка Цветанова вели дека децата се радувале на средбата со луѓето сместени во Домот за стари лица. Веселите дечиња освен што имале креативна работилница со возрасните, им порачале и дека се важни и не се заборавени.

Препорачуваме:

В четврток дебата со граѓанските организации во Гевгелија

Ѓеорѓи Кончалиев – фотограф и Кире Пиличев – камерман, се на почеток нa изработка на документарен филм за нивото на еколошката свест во општеството

Намален прометот во трговијата на мало со автомобилски горива

Ivana Vangelova