• Tue. May 14th, 2024

Општина Гевгелија донесе одлуки за кофинансирање за проекти поднесени до БРР

Општина Гевгелија на објавениот Јавен повик на Бирото за регионален развој за доделување средства финансирање проекти за за развој на урбаните подрачја и одржлив и урбан развој, развој на подрачјата со специфични развојни потреби и за развој на селата од Програмата за рамномерен регионален развој со индикативно планирани средства за 2024 година ќе аплицира со 4 предлог-проекти. И тоа: „Реновирање и адаптација на сместувачки објект во сопственост на Општина Гевгелија на локалитетот Смрдлива Вода“, Проект за поставување урбана опрема за детски игралишта во селата Ново Конско, Кованец и Мрзенци и „Поставување урбана опрема- контејнери и канти за рециклирање отпад во градот Гевгелија“. Преку Проектот на Центарот за развој на ЈИПР, „Подобрување на енергетската ефикасност на јавни објекти во Југоисточниот Регион“, Општина Гевгелија ќе аплицира со потпроект: „Реконструкција на спортски центар „Партизан“- Гевгелија“.
               

За таа цел, Советот на Општина Гевгелија, на седница, донесе Одлуки за обезбедување средства од Буџетот на Општина Гевгелија за 2024 година за реализација на овие проекти. Со донесените одлуки на денешната седница на Советот на Oпштина Гевгелија, Општина Гевгелија ги прифати предусловите за кофинансирање на проектите. Доколку бидат одобрени, локалната самоуправа ќе учествува со 20% кофинансирање од вкупната вредност на проектот: „Реновирање и адаптација на сместувачки објект во сопственосот на Општина Гевгелија на локалитетот Смрдлива Вода, односно со 2.456.500 денари. За поставување урбана опрема за детски игралишта во селата Ново Конско, Кованец и Мрзенци ќе се обезбедат средства во висина од 2.000.000 денари или 50% од вкупната вредност на проектот. 1.200.000 денари или 30% од вкупната вредност ќе се обезбедат за поставување урбана опрема- контејнери и канти за рециклирање отпад во градот Гевгелија, додека сопственото учество на Општина Гевгелија за реконструкцијата на спортски центар „Партизан“ ќе изнесува 7.776.400 денари.