Забава Регион

Струмичкиот театар во февруари ќе игра за настраданите во Турција и Сирија

Парите од продадените влезници за изведбите на струмичкиот театар, како и танцовиот перформанс што во текот на февруари ќе може да се гледа во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица ќе одат за помош на настраданите од земјотресот во Турција.

Центарот за култура „Антон Панов“ објави дека средствата од целиот репертоар се наменети за помош на Турција:

„Како општествено одговорна институција НУЦК „Антон Панов“-Струмица, Ве известува дека средствата од продадените билети за месец Февруари ќе бидат донирани за помош на настраданото население погодено од катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија,“ велат од „Антон Панов“.

Препорачуваме:

ВИДЕO: Како да се открие и превенира при рак на дојка, поликлиниката Жан Митрев и СОУ „Димитар Влахов“ со трибина

Ване Трајков

Македонија Макс полуфиналист, Наковски Волеј одличен

Ване Трајков

Возило во струмичко излетало на длабочина од пет метри, две лица останале неповредени

Ѓ. K.