• Fri. May 17th, 2024

Училиштата во Висока Маала и Миравци заедно ќе спроведуваат проект за мултикултурализам

Училиштето „Атанас Нивичански“ од Висока Маала во Општина Василево и училиштето „Климент Охрдиски“ во Миравци, Општина Гевгелија, заеднички ќе спроведуваат проект за промоција на мултикултурализамот. Двете училишта добија средства од  Министерството за образование и наука, кое распиша Конкурс за проекти кои придонесуваат за развој на мултикултурализмот но и унапредување на меѓуетничката интеграција и толеранција во основните и средните училишта во државата. Висината на средствата одобрени за оваа намена изнесува 30.000 денари.

Во училиштето „Атанас Нивичански“ во Висока Маала наставата се одвива на турски наставен јазик, додека „Климент Охридски“ од Миравци е со настава на македонски јазик.

Од Гевгелија е избрано уште едно училиште за проведување на ваков проект. Станува збор за средното училипте „Јосиф Јосифовски“ кое ќе спроведува проект со скопското училиште Арсени Јовков, кое наставата ја изведува на македонски и албански јазик.

Основната цел на овие грантови е промовирање на добрите практики за активности, преку негувањето хармонични односи, темелени на почитување на разликите, притоа градејќи едно мултиетничко и мултикултурно општество, со што се овозможува градење на современи, успешни и ефективни воспитно-образовни установи кои ќе ги промовираат мултиетничките и мултикултурните вредности, индивидуализираниот пристап кон учениците, позитивна емоционална клима и конструктивна повеќенасочна комуникација во пријатен и поттикнувачки училиштен амбиент.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *