Забава Регион

Струмички „Концепт“ догодина во Италија на светско натпреварување во правење пица

Струмички „Концепт“ ќе продолжи да се натпреварува во мајсторството на правење пица. По успесите кои ги постигнаа во Софија, соседна Бугарија на Меѓународниот натпревар во правење пица, силите ќе си ги одмерат и догодина во Италија, на светското натпреварување.

Бранко и Кирил кои пред неколку денови се вратија од Софија велат дека отишле со многу трема и малку очекувања, а станале вистинска атракција на натпреварот и миленици на жирито. За следната година планираат многу да вежбат и со помалку трема да покажат што знаат пред светските пица мајстори.

Новитетите со кои се претставија во Софија, велат Кирил и Бранко, наскоро ќе се најдат на менито на „Концепт“. Целиот разговор проследете го на следниот линк:

Препорачуваме:

Видео: Последни подготовки за фестивалот „Под кулите на Струмица“

Сузана Мицева

Стопанските комори реагираат да се дозволи непречен проток на транспортерите на преминот Богородица

Велосипедско дефиле во Струмица по повод Светскиот ден без автомобили